Evanescence објавија нов спот за вториот сингл од нивниот трети студиски албум. Песната се вика My Heart Is Broken, a како официјален сингл беше издадена во октомври минатата година. Нивниот последен албум со наслов Evanescence беше објавен исто така во октомври минатата година, и го освои првото место на американската Billboard 200 листа.Evanescence со нов видео запис
- By: Life Radio
- in: Вести
Evanescence објавија нов спот за вториот сингл од нивниот трети студиски албум. Песната се вика My Heart Is Broken, a како официјален сингл беше издадена во октомври минатата година. Нивниот последен албум со наслов Evanescence беше објавен исто така во октомври минатата година, и го освои првото место на американската Billboard 200 листа.Garbage снимаат нов албум
- By: Life Radio
- in: Вести
Американскиот алтернатив-рок бенд Garbage го најавија нивниот нов студиски албум после петгодишна пауза. Според нивната најава, новото студиско остварување треба да го очекуваме напролет, а ќе биде издаден од нивната нова продукциска куќа Stunvolume. За Garbage, ова ќе биде прв албум кој нема да се снима во Медисон, Висконсин, градот каде е формиран овој бенд во 1994 година. Албумот е веќе во некоја работна верзија и се состои од 24 песниАbbа се враќаат на музичката сцена
- By: Life Radio
- in: Вести
Шведската група која беше популарна во 70-тите и почетокот на 80-тите години на минатиот век „Аbbа“ одлучи да се врати повторно на сцената, а нивното враќање е најавено со новиот албум кој ќе биде издаден во мај. Tие за прв пат по 1994 година, решија да се појават на музичката сцена со ново делукс издание на нивниот познат албум „The Visitors“ од 1981-ва. „The Visitors Deluxe Edition“ ќе биде осмиот и последен студиски албум во кој ќе се најдат старите хитови како „One Of Us“, „Head Over Heels“ и „When All Is Said And Done“, а ќе бидат вклучени и неколку бонус траки. Албумот ќе биде во продажба од 23 мај.











