Како што е познато бендот во септември, после 31 година постоење, го најавија крајот на нивната заеднчка кариера. Во тогашната изјава не беше наведена никаква причина за таа одлука, туку едноставно беше речено дека одлучиле да престанат да функционираат како бенд. Членовите на R.E.M. после тоа неколку пати изјавија дека не постојат планови за повторно реобединување.
Деновиве во разговор за BBC пеачот Michael Stipe и басистот Mike Mills уште еднаш ја потврдија својата одлука и тоа категорично без никаква можност ниту за концертна турнеа. Двајцата поранепни колеги потврдиле дека иако одлкуата била доста тешка во исто време била и многу ослободувачка.









