Книгата, која се уште нема наслов, се издава во време кога Stewart е концентриран на снимање преработки на познати стандарди – од Cole Porter до George Gershwin.
66-годишниот Stewart се прослави со хитови како “Maggie May”, "Tonight's The Night," "Do Ya Think I'm Sexy" и "Some Guys Have All The Luck." Во текот на својата 50-годишна кариера имаше над 30 топ 10 хитови во Британија и 16 топ 10 хитови во Америка. “Помалку ми е чудно да го раскажам својот живот, но имам намера да не премолчам ништо,“ вели познатата британска ѕвезда. Меѓу неговите љубовни успеси се вбројуваат шведската актерка Britt Ekland, моделот Bebe Buell, како и моделот Alana Hamilton со која беше во брак. Тие имаа две деца заедно, пред да се разведат во 1984. Потоа рокерот зачна уште едно дете со Kelly Emberg, пред да се венча со супермоделот Rachel Hunter во 1990. Двојката, која заедно има три деца, се разведе во 2006. Во моментов е во брак со уште една русокоса манекенка, Penny Lancaster, со која има две деца.
Rod Stewart ќе ги издаде своите мемоари идната година, ветувајќи дека отворено ќе зборува за својот живот и кариера во текот на која продаде над 100 милиони албуми, преживеа рак и беше вљувен во повеќе русокоси секс бомби.
Rod Stewart со мемоари
- By: Life Radio
- In: Вести
- Кликови: 936 times
Последно освежено на Среда, 12 Октомври 2011 02:44









