Поп ѕвездите Steps ќе се вратат на сцената, 11 години по нивниот распад. Групата, составена од Claire Richards, Lee Latchford-Evans, Lisa Scott-Lee, Faye Tozer и Ian 'H' Watkins, престана да функционира во 2011 година. Неодамна, нејзините членови повторно се здружија за снимањето на филм и ТВ серијал за нивните успеси во поп музиката. Деновивие најавија враќање на сцената, со издавање на компилација составена од нивните најголеми хитови и концертна серија. Нивната турнеја ќе започне во април 2012. Закажани се концерти во повеќе градови низ Британија меѓу кои Њукасл, Манчестер и Лондон.
Враќањето на Steps
- By: Life Radio
- In: Вести
- Кликови: 1466 times
Последно освежено на Среда, 12 Октомври 2011 03:02









