Ирските рок легенди U2 ќе објават книга во која ќе ги документираат случувањата и сите рекорди од нивната последна концертна турнеа 'U2 360°'.
"U2360: The Official Story of the Greatest Spectacle in Stadium-Rock History" ќе биде насловот на книгата која ќе ја напише Dylan Jones, уредникот на GQ магазинот. Тој ќе ја донесе приказната за бендот, локациите, огромните сцени заедно со досега необјавени фотографии. Секако во целиот проект ќе учествуваат и самите членови на бендот како и менаџерот Paul McGuiness. U2 турнеата ја започнаа на 30 јуни 2009 во Барселона, а ја завршија на 30 јули оваа година во Канада, заработувајќи вкупно околу 737 милиони долари.U2 ќе објават книга
- By: Life Radio
- In: Вести
- Кликови: 255 times
Ирските рок легенди U2 ќе објават книга во која ќе ги документираат случувањата и сите рекорди од нивната последна концертна турнеа 'U2 360°'.
"U2360: The Official Story of the Greatest Spectacle in Stadium-Rock History" ќе биде насловот на книгата која ќе ја напише Dylan Jones, уредникот на GQ магазинот. Тој ќе ја донесе приказната за бендот, локациите, огромните сцени заедно со досега необјавени фотографии. Секако во целиот проект ќе учествуваат и самите членови на бендот како и менаџерот Paul McGuiness. U2 турнеата ја започнаа на 30 јуни 2009 во Барселона, а ја завршија на 30 јули оваа година во Канада, заработувајќи вкупно околу 737 милиони долари.Последно освежено на Четврток, 20 Октомври 2011 10:09









