Британскиот алтернативен рок бенд Muse работи на нов материјал, кој момците планираат да го издадат во октомври следната година. Нивниот менаџер Anthony Addis изјавил дека тие веќе почнале со снимање во студио и дека има навистина многу материјал кој е подготвен за нивното 6-то студиско издание, прво после "The Resistance" од 2009.
,,Процесот на подготовка на нов албум е навистина сериозна работа и тие напорно работат дење и ноќе, за време на турнеата и во студио, целиот албум ќе биде снимен во Лондон и готов до крајот на следната година,, изјавил Anthony Addis









